fbpx

Со правила немаше никаде да стигнам: Велевска по малтретирањето и разводот

Елена Велевска е една од ретките македонски пејачки која знае како да си ја менаџира популарноста.

Точно знае кога треба да провоцира, а кога да се повлече.

Се чини дека секој нареден „пост“ на социјалните мрежи ѝ е добро осмислен.

„Ако се придржував до сите правила, никогаш немаше никаде да стигнам“, напиша таа под една фотографија што ја објави на „Инстаграм“ – со неколку килограми повеќе, но очигледно конечно среќна по сите животни драми кои последниве две години ги сподели со новинарите.

Втората шанса која одлучи да му ја даде на сопругот, и покрај тоа што претходно јавно го обвини за семејно насилство, не роди со плод, па разводот сепак ѝ остана единствена опција. Фолкерката во емисијата „Живот со стил“ конечно ја откри и вистинската причина за разидувањето со бизнисменот Марјан Мирчески.

– Да, бев жртва. Во нашиот случај не се работеше за прељуба, туку за семејно насилство, како физичко, така и психичко – откри Велевска.

Разводот го потврди и Мирчески тврдејќи дека пејачката има нарушена здравствена состојба и дека е опасна за околината. Тој во февруари годинава најави дека ќе направи сѐ што може да ѝ помогне, но и дека до крај ќе се бори за старателството над нивните три деца – ќерките Софија и Калија и синот Марко.

Елена и Марјан беа повеќе од десет години во брак. Велевска го запозна Мирчески на една од нејзините турнеји во Австралија. Ѝ се случила љубов на прв поглед, раскажа таа во едно интервју.  

Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасни ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

Следни Објави

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Кисела Вода

Пред еден час во Кисела Вода, во близина на студентскиот дом „Пелагонија“, на раскрсницата помеѓу улиците „Божидар Аџија“ и „Димо Хаџи Димов“ се случи тешка сообраќајна незгода. Се судрија „Опел корса“ и „Мерцедес“, а очевидци на настанот сведочат дека двајца со потешки телесни повреди со возило на Итна медицинска помош […]