fbpx

Непознати факти за познатите изуми

Кој е најнеобичниот изум на Исак Њутн? Знаете ли во која земја навистина биле измислени гајдите? Зошто на телефон се јавуваме со „ало“ и кој и зошто ја измислил куклата на дување? Еве ви ги помалку познатите податоци за општопознатите изуми и откритија.

Канадски лекар ја измислил кошарката

Првиот кошаркарски натпревар во кој две екипи играле со по девет играчи е одржана 21. Декември 1891 година. Конечниот резултат бил 1-0.

Рубиковата коцка не е замислена како играчка

И покрај широкораспространетото мислење дека фамозната коцка му служела на унгарскиот професор Ерн Рубик за на студентите подобро да им ги објасни 3Д-објектите, вистината всушност не е таа. Вистинската намена всушност е да се разбере решавањето на структурните проблеми, односно да помогне да разбереме како да придвижиме одредени делови, а целината да не се распадне. Самиот Рубик не бил воопшто свесен дека создал играчка се додека еден ден по првпат не ги помешал боите и се обидел да ја склопи од почеток.

Првото „ало“ било „ахој“

Телефонот го измислил Александар Бел, но извиканото „ало“е изум на неговиот ривал Томас Едисон кој го развил телефонскиот систем во САД. Бел, инаку инсистирал дека правилен начин на јавување на телефон е поздравот „ахој“.

Гајдите се на Персијците, а не Шкотите

На почетокот веројатно гајдата била неугледен инструмент составен од цевки направени од трски забиени во вреќа од козја кожа. Како цивилизацијата се ширела од Блискиот исток кон Средоземјето, така луѓето со себе ги понеле и музиката и инструментите.

„Да пукне“ се користи од 1977 година

„Раката му беше во воздух и во моментите на прославување на победата јас посегнав по неговата рака и плесна“, прераскажал поранешниот играч на бејзбол Дасти Бејкер за иусторискиот момент кој се случил на еден натпревар на 2.септември 1977 година.

Апаратот за шеќерна волна е изум на стоматолог

Еден од деликатесите во кои децата најмногу уживаат, а кои истовремено наголемо предизвикуваат кариес, иронично, ама чудно на почетокот на 20. век е изум на стоматолог.

Хероинот како лек за настинка

Позната фармацевтска компанија која се прослави по изумот на аспиринот, е фабрика која го измислила и хероинот кој го претставувала како лек за настинка.

„Одење по месечината“ не го измислил Мајкл Џексон

Едно од најпопуларните танцови движења кој се поврзува со кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, прв го одиграл Бил Бејли.

Куклите на дување се дело на нацистите

За време на Втората светска војна нацистите ги измислиле куклите на дување за да ги задоволат сексуалните потреби на германските војници. Целиот проект се чувал како најстрога тајна, а куклата била именувана „Боргилд“.

Следни Објави

Нумеролозите откриваат: Еве каква несреќа ве очекува во мај!

Секоја нумеролошка прогноза се однесува на биоритамски број кој го добивате со комбинација на броевите од вашиот комплетен датум на раѓање. На пример, ако сте родени на 25.8.1976 собирате 2+5+8=15 со сведување на едноцифрен број, во случајот 1+5=6. Всушност, тоа е вашиот биоритамски број кој е менлив од ден на […]