По прогласената пандемија од страна на Светската здравствена организација, состојбата со КОВИД-19 во Македонија, но и во целиот свет е навистина загрижувачка, но на моменти на сите ни е потребен одмор од сериозни вести и ни фали малку забава.
Ние одлучивме малку да истражуваме и да дознаеме што прави Венко Филипче кога не е на прес-конференција. Како министерот за здравство се опушта по секој напорен ден, особено по исцрпувачките и на моменти нелогични прашања кои пристигнуваат од страна на медиумите.
Филипче е роден на 13 јуни 1977 година, што значи дека е близнаци во хороскоп. Побаравме што велат ѕвездите, како припадниците на овој знак се однесуваат во изолација и наидовме на навистина интересни моменти.
Постојат два вида на Близнаци. Едни ги уредуваат книгите и весниците на различни начини: според тоа што сакаат да го читаат, според бојата и според големината. Други, пак, непрекинато разговараат на телефон. Им се јавуваат на роднините и на пријтелите со кои не се слушнале од поодамна, бидејќи сметаат дека сега е вистинското време за тоа. Во која категорија е Филипче, засега не знаеме.
Популарната регионална уметница Андријана Вешовиќ, многу попозната како Зомбијана, однесувањето на секој хороскопски знак во карантин неодамна на симпатичен начин го пренесе и преку нејзините смешни илустрации кои ги сподели на „Инстаграм“. Еве како таа го замислува министерот Филипче.
Фото: Фејсбук профил на Венко Филипче/Инстаграм профил на Zombijana