Самоизолацијата не е доволна. Овие чекори мора да се почитуваат за да си го сочуваме здравјето и што порано да излеземе од оваа криза како победници
Да останете дома е првиот чекор за да се заштитите и можеби и најважниот. Сепак, тоа не е доволно. Постојат истражувања кои велат дека е можно да се заразите и во карантин. Доколку повеќе членови на семејството живеат под ист покрив, многу е важно да се придржувате до овие правила.
Британски доктор открива кои се клучните чекори за заштита од коронавирусот. Следете ги неговите совети и шансите за заболување сведете ги на минимум.
* Користете личен прибор за јадење. Секој треба да има своја чаша, нож, вилушка, чинија која нема да ја дели со другите. Садовите мијте ги исклучиво со топла вода, а најдобро би било во машина за садови, бидејќи на тој начин вирусите со сигурност ќе бидат уништени.
* Бришете ги сите површини кои ги допирате со средство за дезинфекција задолжително и тоа по можност неколкупати дневно или секогаш кога ќе влезете дома.
* Пешкирите и постелнината перете ги на температура од најмалку 60 степени. Единствено така ќе бидете сигурни дека вирусите исчезнале.
* За да го спречите ширењето на вирусот, исто така неопходно е да користите лични крпи.
* Ѓубрето вадете го од станот што е можно почесто, бидејќи во отпадот можат да се задржат вирусите и до неколку часа.
* Облеката и обувките кои сте ги носеле во продавница или во аптека, соблечете ги и исперте ги што е можно побрзо.
* Проветрувајте ги просториите неколкупати во текот на денот.
За да ви биде полесно, доктор Хилари порачува да одржувате контакти со драги луѓе преку телефон што е можно почесто. „Поддршката сега е најважна, таа навистина може да ја зацврсти нашата психа и да ни помогне да ја пребродиме оваа непријатна ситуација“, вели тој.