fbpx

Како против коронавирусот со помош на планетите?

Размислувајќи, нормално знаев дека Сатурн по природа е сув и ладен како квалитет. Плутон е во знакот на Сатурн под негово влијание. Плутон и Сатурн во моментов би рекла дека се повеќе стравот, отколку вирусот, и можеби оној дел во приказната каде вирусот можеби бил наменет за некоја друга употреба, но се лизнал и излегол од контрола. Тоа го апсолвиравме астролошки, цела 2019та нешто е криено од човештвото.

Е сега одиме на реални астролошки сознанија и мерки, кои ќе ве имунизираат од вирусов, барем 50%, ако не и над 50%.

Јупитер е виновникот.

Зошто?

1. Со ова што го читате нема да бидете излечени ако сте заразени.

2. Ќе ги слушате правилата на СЗО и Нашето здравство.

Ова се совети од најстари астролошки книги:

Сега иде она кое е најинтересно.

Јупитер е топла и гасовита планета.

Во знакот на Јарец, тој е во студен и сув дом (по квалитет)

Јупитер секогаш прави експанзија на нештата. Може да направи ескпанзија на финансии, но може кај некој оболен од лошо, да направи експанзија на истото.

Така и во случајов, Кету е исто во Јарец, Плутон, Сатурн, Марс и Јупитер.

Многу планети се во сув и ладен знак.

Јарецот е ладен и сув.

Дури и Марс, кој е жежок се наоѓа во ладен знак, каде е егзалтиран, бидејќи има доволно топлина да се искачи на светот, но и да прави некои воспаленија врз база на ладно и суво.

Јупитер во Астрологијата е одговорен за растенијата, за топлината и влагата. Но сега во Јарец не работи, не функционира. Како да е кастриран од неговите квалитети.

Како и СЗО што кажа средината во која живееме пожелно да е влажна.

Значи самите овлажнувачи на воздух нема да ви помогнат, зошто дуваат ладно.

Зошто првиот симптом е сува кашлица? Токму заради квалитетот на стелиумот во Јарец.

Затоа самите ќе се заштитите.

1. Пијте повеќе вода. Чиста вода. Хидрирајте се. Алкохолот прави дехидрација на телото, и погрешен е ставот дека се браните од вирусот со помош на алкохол од секаков вид. Така само дехидрирате.

2. Бањајте се најмалку еднаш на ден со топла вода. При тоа испразнете ја вашата бања од сите производи за чистење, како Доместос и сл. Ставете ги на тераса или во шпајз.

После тушот или долгата бања, отворете ја вратата од бањата да влезе влагата во вашиот дом.

Секако без хемикалии, уште еднаш да напоменам.

После тушот поседете во вашата бањарка, колку што вашиот имунитет дозволува, за влагата да се впие во телото. Потоа исушете го телото, испијте 2 чаши соба на собна температура и измачкајте се со некое хидратантно млеко или детско масло кое во него има и хидрација.

3. Исто така ако излегувате, ноздрвите премачкајте ги со некој вид масло, може било какво.

4. Не дозволувајте сосем да се затворите дома. Пожелно е да излезете барем на тераса или во некое зеленило, во двор, каде ќе фатите сончев зрак. Во овие моменти и во изминатите неколку дена, Сонцето беше мамка за вирусот. Тоа е топло но не е влажно, а Нептун од Риби правеше илузија да се полнат кафичите со луѓе. Како да кажам, Нептун ги навлекуваше луѓето во погрешен правец.

5. Седете дома, но можете на 3 метри од вас да искомуницирате и да размените некоја мисла со ваша комшивка, преку двор, тераса, на кеј, но на далечина, и секако со маска и наочари. Очите се главниот сунѓер за Ковид-от.

Носете наочари било какви.

6. Мерките на СЗО и МЗ се совршени. Почитувајте ги, за вашето здравје се работи. Не излегувајте без потреба.

7. Сатурн и Плутон прават страв, и со Нептун во сесиквадрат со Уран делуваат на ширење на целосни дезинформации.

ВЕ МОЛАМ, не отварајте текстови со лажни вести/стравови кои секојдневно ви пренесуваат страв и параноја.

Секој кој шири страв, ја краде енергијата од вас. Тој е лопов на вашата Светлина.

Следете редовни пресови на МЗ и можеби 5 до 10 минути СИ- ЕН- ЕН, АЛ Џезеира или Еуроњуз. Зависи што имате во вашиот пакет.

Но најважно е да игнорирате оние непотврдени колумни за тоа на пример дека БРУФЕНОТ БИЛ ОПАСЕН. Тоа е фармаколошка борба. Во Кина никој не пие ни аспирин, па се разболеа многумина.

Значи таа вест е фејк.

Така што фокусирајте се на себе и својот народ. Ставајте многу влага во вашиот дом, хидрирајте го телото како внатрешно така и надворешно, со помош на Магнезиум гел или било кое средство/млеко за тело/масло за тело.

Ставете лонче со вода да врие, на крајот на краиштата, или оставете една греалка да биде на најслабо, за да се создаде влагата и топлината во вашиот дом. Секако на греалката не ставајте влага. Ќе ве фати струја. На радијаторот да.

Заклучок: Топлина и Влага.

На пример кога пиете чај, треба да се затоплите но при тоа да знаете дали самиот чај не дехидрира по неговата природа.

Една мрсна чорба би била многу голем имунајзер на пример, зошто маснотиите сега ја заменуваат влагата.

Венера која е топла и влажна, е во „деструктивно соѕвездие“ кое е „загадено“ од Уран.

Ако приметувате сите прво заразени се жени, или жени на претседатели, како сопругата на Трудо, и од синојка сопругата на Шпанскиот премиер Педро Санчес.

Сега надвор е влажно но ладно. Може да отворете на кип, но дома да загревате.

Исто така не е лошо да се препотите добро со некоја домашна активност, а потоа да се напиете 3 чаши вода на собна температура.

Водата исклучиво на собна температура. Не мора да ја загревате. Вашиот организам ќе ја загрее веднаш.

Љубов и Планети,

Алоха фром спејс

И без страв !!!!!!

Извор: Фејсбук-страна Unofficial: Astrology

Следни Објави

Македонец разочаран од дијаспората: Што имала к’смет Стамена

Зошто луѓето се испраќаат на аеродром, зошто се канат по 500 луѓе на свадба, зошто децата јадат ќотек и други „македонЦки тингс“ Овој Македонец е роден и израснат во Австралија. Пред неколку години почнува длабоко да си ги истражува корените, па наидува на несфатливи работи кои одлучува да ги документира […]