Многу луѓе носат ракавици кога одaт во супермаркет или во аптека, но истите нѐ штитат само ако правилно ги користиме
Д-р Каран Рангарџан, хирург во Националното здравственo одделение во Велика Британија, објаснува дека носењето ракавици наместо редовното миење раце претставува голема опасност.
– Носите ракавици, а сте во супермаркет и допирате сѐ. Во текот на истиот ден со истите ракавици допирате уште многу други работи. Собирате бактерии и се доведувате во голем ризик. Многу поедноставно е да ги миете рацете секогаш кога ќе допрете било каков предмет или било која површина – појаснува тој во видеото објавено на социјалната мрежа „Тик Ток“ кое веднаш стана вирално.
Доктор Каран дополнува и дека со ракавиците го допирате управувачот на автомобилот, можеби во даден момент и лицето, но и новите ракавици додека ги менувате.
– Само мијте ги рацете, бидете внимателни и останете сигурни – порачува тој.
Фото: Депозит фотос/Фокс Њуз