fbpx

Внимавајте со ракавиците: Доктор објасни кога се исклучително штетни

Многу луѓе носат ракавици кога одaт во супермаркет или во аптека, но истите нѐ штитат само ако правилно ги користиме

Д-р Каран Рангарџан, хирург во Националното здравственo одделение во Велика Британија, објаснува дека носењето ракавици наместо редовното миење раце претставува голема опасност.

– Носите ракавици, а сте во супермаркет и допирате сѐ. Во текот на истиот ден со истите ракавици допирате уште многу други работи. Собирате бактерии и се доведувате во голем ризик. Многу поедноставно е да ги миете рацете секогаш кога ќе допрете било каков предмет или било која површина – појаснува тој во видеото објавено на социјалната мрежа „Тик Ток“ кое веднаш стана вирално.

Доктор Каран дополнува и дека со ракавиците го допирате управувачот на автомобилот, можеби во даден момент и лицето, но и новите ракавици додека ги менувате.

– Само мијте ги рацете, бидете внимателни и останете сигурни – порачува тој.

Фото: Депозит фотос/Фокс Њуз

Следни Објави

Здрав домашен леб без да вклучите рерна: Овој рецепт масовно се споделува

Една домаќинка го сподели својот метод за печење здрав леб за чија подготовка дури не ви е потребна ниту рерна Даниел Лутрел од Тасманија го сподели на фејсбук својот рецепт за домашен леб за кој дури не ви е потребна ниту рерна. Нејзиниот метод за печење веднаш стана вирален, а […]