Зошто здрави луѓе, помлади од најчесто означената ризична група, позитивни на коронавирус и со многу благи симптоми сместени во домашна изолација, сепак развиваат тешка клиничка слика? И зошто мораат да бидат префрлени на одделението за интензивна нега?
Ова прашање станува се поактуелно кај нас, но и во светски рамки.
Два фактора се издвојуваат како потенцијално опасни за развивање на тешка клиничка слика. Првиот е дебелината. Прекумерната тежина го отежнува ширењето на дијафрагмата и белите дробови и вдишувањето на кислород.
Вториот проблем е однесувањето во самоизолација. Се смета дека голем процент од оние кои се позитивни, а не развиле никакви значителни симптоми сѐ уште работат од дома, премалку спијат и затоа се во многу поопасна ситуација од другите. На сите заболени од коронавирус им се препорачува исклучиво да одмараат затоа што со редовен сон телото се регенерира и се подготвува за евентуланата борба со вирусот.