Најново истражување открива кои површини се најризични кога е во прашање коронавирусот. Истиот е респираторна болест и се пренесува првенствено преку капки, но откако се појави, се дебатира и за тоа колку може да се задржи на разните површини.
Според последните научни сознанија објавени во стручното списание The Lancet, вирусот најдолго се задржува на нерѓосувачки челик, на пластика, но и на хируршките маски – дури и до 7 дена!
На хартија може да се задржи најмногу три часа. Треба два дена да поминат за коронавирусот да исчезне од волната и од другите ткаенини, а најмногу време било потребно да исчезне од надворешната страна на хируршките маски, пренесува „Јаху“. Всушност, по седум дена сѐ уште бил присутен, иако во помали количини.
Поради тоа е исклучително важно редовно да се дезинфицираат површините со кои најчесто се доаѓа во допир, но и хируршките маски да ги ноите само еднаш, а потоа да ги фрлите, претходно свиткани во посебна кеса.
Ако користите памучна маска од домашната работилница, после секоја употреба перете ја на 90 степени во машина и испеглајте ја пред следното носење.
Многу површини кои секојдневно ги допираме се високоризични, вклучувајќи ги и мобилните телефони, тастатурите и работните маси, без разлика од кој и да се материјал направени.
Фото: Шатерсток