fbpx

Зошто денес цел свет би требало да слави со Вухан

По 76 дена целосна блокада, кинескиот град Вухан од кадешто тргна пандемијата на коронавирус е повторно отворен. За два и пол месеци починаа 2.571 луѓе, но тоа што на жителите им е дозволено да ја преминат границата е значајно не само за нив, туку за целиот свет, бидејќи е потврда дека со вирусот можеме да се избориме

Повеќе од 50.000 луѓе во главниот град на кинеската провинција Хубеи беа заразени кога на 23 јануари беше донесена одлука дека од Вухан повеќе никој не може ниту да излезе, ниту да влезе. Речиси исто толку сега купија авионски и возни билети да отпатуваат, главно оние кои не живеат во Вухан, кога беа затекнати таму во моментот кога градот беше блокиран.

Одлуката за отварањето на градот кој има 11 милиони жители стапи на сила синоќа, а целиот град славеше.

– Вухан заслужува да биде наречен Град на хероите. Жителите заслужуваат да бидат херои – стои испишано на речиси сите електронски билборди таму.

Отварањето на градот од каде што сѐ започна, е добар знак и ни дава надеж на сите нас дека во догледно време пандемијата ќе може да забави, ако не и да прекине, иако мерките на претпазливост и понатаму важат и во Вухан и во останатиот дел на Кина.

Фото: Профимедиа

Следни Објави

4 помалку познати, но сигурни симптоми на коронавирус!

Коронавирусот има два главни симптома од кои сите најмногу стравуваме: температура и сува кашлица. Како пандемијата тече, лекарите откриваат сѐ повеќе начини на кои болеста може да се манифестира, па се појавуваат и помалку очигледни сигнали. Тоа е она што го нарекуваме „атипични симптоми“, но тие се почести од тоа […]