fbpx

Бидете внимателни: На овие маски короната живее и до 7 дена

Најново истражување открива кои површини се најризични кога е во прашање коронавирусот. Истиот е респираторна болест и се пренесува првенствено преку капки, но откако се појави, се дебатира и за тоа колку може да се задржи на разните површини.

Според последните научни сознанија објавени во стручното списание The Lancet, вирусот најдолго се задржува на нерѓосувачки челик, на пластика, но и на хируршките маски – дури и до 7 дена!

На хартија може да се задржи најмногу три часа. Треба два дена да поминат за коронавирусот да исчезне од волната и од другите ткаенини, а најмногу време било потребно да исчезне од надворешната страна на хируршките маски, пренесува „Јаху“. Всушност, по седум дена сѐ уште бил присутен, иако во помали количини.

Поради тоа е исклучително важно редовно да се дезинфицираат површините со кои најчесто се доаѓа во допир, но и хируршките маски да ги ноите само еднаш, а потоа да ги фрлите, претходно свиткани во посебна кеса.

Ако користите памучна маска од домашната работилница, после секоја употреба перете ја на 90 степени во машина и испеглајте ја пред следното носење.

Многу површини кои секојдневно ги допираме се високоризични, вклучувајќи ги и мобилните телефони, тастатурите и работните маси, без разлика од кој и да се материјал направени.

Фото: Шатерсток

Следни Објави

Д-р Комаровски советува: Како да не се заразите во продавница?

Евгениј Олеговиќ Комаровски, најпознатиот и најугледниот педијатар на територијата на поранешниот СССР, конечно се огласи и со исклучително важни совети за превенција од коронавирусот Д-р Комаровски е доктор по медицински науки, телевизиски водител и автор на петнаесетина книги за грижа на детето кои станаа светски бестселери. – Самиот вирус не […]