fbpx

Никој не сака да биде војник: Синот на Есма разочаран на Светскиот ден на Ромите

Симеон Атанасов, едно од 47-те деца кои Есма Реџепова ги одгледа, на денешниот Светски ден на Ромите објави тажна порака на социјалните мрежи.

– Се сеќавам во далечната 1993 година кога се формираше првиот интернационален фестивал на ромска музика, „Шутка фест“, за кој главни виновници и основачи беа моите професори Есма и Стево Теодосиевски. На една од пробите го прашав тато Стево: Зошто сите што се во фестивалскиот одбор многу се караат? Нели може да се договорите за сѐ? Одговорот на Стево беше: Синко, сите Роми сакаат да бидат капетани, ни еден од нив не сака да биде војник, никогаш немале слога и единство! Во текот на 55-годишната кариера Есма и Стево Теодосиевски се бореа за правата на сите Роми. Јас и после толку години не гледам единство и слога. Кога тоа ќе се смени, тогаш ќе има напредок и успех на сите полиња кај ромската популација – напиша Атанасов на „Фејсбук“.

Лани во декември, на тригодишнината од збогувањето со кралицата на ромската песна, тој искрено проговори за тешкиот период низ кој поминале со мама Есма, кога таа се позајмувала за музејот кој сега пропаѓа и кога две години спиеле во приколка.

– Решив да проговорам за сите други да ја дознаат вистината. Кога во 1991 година Стево и Есма Теодосиевски решија да се вратат во Македонија, тука да направат музеј и се’ што стекнале во нивните долгогодишни музички кариери да ѝ остават на оваа држава, јас паметам дека тогасните власти на Р. Србија со жалење го прифатија тоа. Нивните зборови беа: „Молимо вас да не идете из Београда, ми чемо да вам изградимо музеј где ви то пожелите“. Сепак на инсистирање на Стево се преселивме во Скопје. И така поцнаа проблемите. Сигурно многумина од вас ќе се сетат на големиот наслов „На Водно нема да чука тарабука“. Не им дозволија да се гради музејот на Водно, иако самите беа инвеститори на се’, пари заработени со нас децата кои што исто така имаме придонесено барем по една цигла за тој музеј. Со големи маки им дозволија да се гради на Кале. Додека се градеше, ние спиевме во камп приколка 2 години. Сите деца што беа во тоа време си заминаа, јас останав бидејки немав каде одам. Некако се изгради дел од тој музеј, барем некои простории за да се сместиме внатре, но требаше уште многу за да се заврши. 

Почина Стево остави еден куп проблеми со кои требасе да се справува Есма, долгови за градба, мајстори, дрвени прозори од кои што дуваше бидејќи беа ставени колку да се каќе дека има прозор итн. Почнавме да работиме и некако се гледаше крајот на таа градба, 860м2 и дворно место 1300м2 не е малку, но сепак не беше се’ уште се’ заврсено. Се појави видовитата Клеопатра која што ѝ кажа на Есма: „Ја сам сањала да теби морам да помогнем да завршиш музеј”. Така и беше. Дојде, се смести во куќата и почна да работи со луѓе и секоја вечер собираше пари кои ѝ ги даваше на Есма. Но на тие пари не им се знаеше трагот, веројатно дека беа земани од луѓе кои што си имаа своја мака. Помина и тој период, музејот не беше завршен, па еден ден и предложив на Есма да земеме кредит за да го заврши и да го види готов додека е жива, а тоа и се случи. Со 50.000 евра беше веќе при крај, остана само големата музејска сала каде што по некоја си желба на Стево требаше и нивните урни да бидат поставени. Ништо од тоа не се случи и сега после 3 години откако почина Есма, оваа држава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тоа припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се“ што беше вредно, фрлија цела историја во вода, се’ што е градено со години веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет што дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите – напиша Симеон лани во декември.

Тој во април 2018 година беше приведен поради сомнение дека го ограбил музејот на Есма Реџепова на скопската тврдина Кале. По неколку часа разговор во полиција беше ослободен, јавија тогаш повеќе домашни медиуми.

Следни Објави

Зошто денес цел свет би требало да слави со Вухан

По 76 дена целосна блокада, кинескиот град Вухан од кадешто тргна пандемијата на коронавирус е повторно отворен. За два и пол месеци починаа 2.571 луѓе, но тоа што на жителите им е дозволено да ја преминат границата е значајно не само за нив, туку за целиот свет, бидејќи е потврда […]