fbpx

4 помалку познати, но сигурни симптоми на коронавирус!

Коронавирусот има два главни симптома од кои сите најмногу стравуваме: температура и сува кашлица. Како пандемијата тече, лекарите откриваат сѐ повеќе начини на кои болеста може да се манифестира, па се појавуваат и помалку очигледни сигнали. Тоа е она што го нарекуваме „атипични симптоми“, но тие се почести од тоа што првично мислевме.

„Тие симптоми ги видов кај пациенти од прва рака. Тие можат да укажуваат на почетокот на болеста или може да бидат примарни симптоми на инфекцијата“, вели д-р Асиф Мунаф.

Како да се препознае коронавирусот кога главните симптоми ги немате и колку сериозно треба да се сфатат тие сигнали?

Губење на вкус и на мирис

Д-р Данијел Аткинсон предупредува дека овој симптом не е еден од почесто пријавуваните кај позитивните на КОВИД-19 и веројатно затоа луѓето и не му придаваат големо значење. Сепак, тој инсистира да се обрати исклучително внимание кога ќе се соочите со овој симптом, нагласувајќи дека особено кај помладите заразени може да биде и единствениот маркер за корона вирус.

Замор и болки во телото

Седењето дома поради изолацијата несомнено може да направи да се чувствувате летаргично, но голем недостаток на енергија може да значи и дека имате коронавирус. Д-р Арагона Џузепе, лекар по општа медицина, објаснува дека ако наеднаш почувствувате силен замор и тешко ги обавувате секојдневните задачи, би требало да се самоизолирате, бидејќи тоа може да значи дека сте заразени.

Д-р Аткинсон пак објаснува дека пациентите можат да имаат болки во грбот или главоболки. Всушност, самото движењето на очите може да биде болно, вели тој.

Надразнати очи и течење нос

Очите не само што може да ви бидат уморни, туку може и да ве чешаат. Пролетта ни носи и сериозно количество полен, па можеби ќе претпоставите дека едноставно имате нормална сезонска алергија, но бидете внимателни. Можно е овојпат да не сте во право.

Проблеми со стомакот

Немирниот желудник може да биде симптом за труење од храна или нетолеранција на одредени намирници, но тој е малку познат симптом и за коронавирус. Во некои случаи, позитивните пациенти имаат мачнина или пролив, особено кои траат повеќе од еден ден. Ако се почувствувате така, д-р Аткинсон советува да се самоизолирате.

Следни Објави

Бидете внимателни: На овие маски короната живее и до 7 дена

Најново истражување открива кои површини се најризични кога е во прашање коронавирусот. Истиот е респираторна болест и се пренесува првенствено преку капки, но откако се појави, се дебатира и за тоа колку може да се задржи на разните површини. Според последните научни сознанија објавени во стручното списание The Lancet, вирусот […]