Евгениј Олеговиќ Комаровски, најпознатиот и најугледниот педијатар на територијата на поранешниот СССР, конечно се огласи и со исклучително важни совети за превенција од коронавирусот
Д-р Комаровски е доктор по медицински науки, телевизиски водител и автор на петнаесетина книги за грижа на детето кои станаа светски бестселери.
– Самиот вирус не е опасен на облека. Проблемот настанува кога со заразените раце ќе ја допрете слузокожата. Ако со рацете не го допирате лицето, ризикот од инфекција значително се намалува. Но, ако со заразени раце ги допрете носот, очите или устата, можете да се заразите. Затоа, мора темелно да ги миете – апелира тој.
Кога ќе се вратите од продавница или од работа, облеката нема да ви биде заразена ако со некој не сте се гушкале, ракувале или сте биле во лифт. Ако личноста тој ден била сама во продавница, облеката не е потребно да се дезинфицира. Сепак, неговиот совет за дезинфицирање на гардеробата кога се враќате дома е следен:
„Кога доаѓате од улица, целата облека изнесете ја на тераса. Оставете ја да се ветрее неколку часа, а потоа можете повторно да ја внесете дома. Ако облеката биде изложена на сонце, тогаш се доволни и два часа“.