fbpx

Прво јас го побарав за маж, па клекна на колена

Познатата пејачка, музичарка и хуманистка Кристина Арнаудова има навистина впечатлива и многу забавна животна приказна кога е нејзиното запросување во прашање. Детаљите ги сподели пред неколку години за порталот „Брајд“.

– Сè се случи кога кај нас дома дојдоа Александра Пилева и нејзиното тогашно момче, а денес сопруг и ни соопштија дека ќе стапат во брак. Бидејќи тие, за разлика од нас, беа доста кратко време во врска, почнав да се шегувам дека ние изгледа нема никогаш да се земеме, и дека јас не сакам да се мажам. А бидејќи имавме многу испиено, реков, добро еве јас сега одлучувам, ќе го побарам Александар за маж бидејќи ако не го направиме тоа сега, нема никогаш. Тој тогаш ме праша дали сум сериозна, а кога виде дека сум, ми рече да почекам додека да оди до автомобилот. Кога се врати клекна на колена и ме побара со прстен во рака кој го чувал веќе еден месец, чекајќи го вистинскиот момент да ме запроси. Неговиот говор по тој повод толку ме расплака од среќа, што не можев од солзи ниту „ДА“ да кажам. Навистина беше незаборавен момент – раскажа таа.

Следни Објави

Диета за секој маж: Андрија Милошевиќ вака ослабна 20 килограми

Ѕвездата од хит-серијата „Андрија и Анѓелка“, популарниот српски актер Андрија Милошевиќ, минатата година успеа да ослабне цели 20 килограми. Тој призна дека имал неколку неуспешни обиди да се ослободи од вишокот килограми со изгладнување, пред да ја доведе линијата до совршенство. – Проблемот е во главата. Се прејадуваме и тоа […]