fbpx

Ако си ја примил оваа вакцина како дете, заштитен си од корона?

Ново истражување покажува дека во земјите каде луѓето ја примаат БЦГ вакцината по раѓањето, смртноста од коронавирус е помала. Оваа вакцина создава имунитет против туберколоза, но сѐ уште не е јасно како помага кај коронавирусот, пренесува хрватскиот портал „24 сата“.

Всушност, земјите во кои вакцината е задолжителна, имаат десет пати помала смртност од КОВИД-19, отколку земјите во кои таа не е задолжителна. Овие податоци се резултат од истражувањето кое го спровеле американски и британски научници, а резултатите се претставени пред неколку дена.

Стручниот тим ја следел смртноста од корона во 178 земји во период од петнаесет дена, односно од 9 до 24 март. Бројките на крај покажале дека појавата на КОВИД-19 во земјите каде БЦГ вакцината не се дава задолжително е поголема отколку во земјите каде се применува. Истовремено и смртноста во тие земји е десет пати поголема.

Д-р Ашиш Камат, американски онколошки хирург, кој работел на ова истажување, изјави дека ова за нив било убаво изненадување, иако признава дека сѐ уште се чекаат резултатите околу тоа колкаво е заштитното влијание на БЦГ вакцината.

Д-р Камат планира и ново истражување, и тоа на илјада здравствени работници кои би примиле БЦГ вакцина. Тоа би биле оние медицински лица кои имаа најголем ризик од заразување, како оние што работат во итната помош.

– Вакцинацијата во детството никако не значи доживотен имунитет, но постојат тестирања кои можат да покажат дали некој и после одреден број години по БЦГ вакцината, и понатаму е имун. Знаеме дека податоците на нашето истражување се само основа за понатамошни анализи и дека се однесуваат само на еден краток временски период, но сепак значат некаков тренд кој покажува дека постоењето на БЦГ вакцината има голема улога – смета тој.

Фото: Профимедиа

Следни Објави

Вознемирувачко ВИДЕО: Ова се случува во болница во Барселона

Болниците се полни, a сериозно заболени постојано пристигнуваат. Единствениот звук кој се слуша се брзите движења на медицинскиот персонал и машините кои ги одржуваат пациентите во живот. Очајно болни и немоќни, тоа е реалноста со која Шпанија се соочува. Вака почнува репортажата на „Скај њуз“ за лекарите кои 24 часа […]