Сезоната на Овенот е одамна започната и сега ја доживуваме неговата огнена страст. По појавувањето на супермесечината на 8 април 2020 година, работите се интензивираа, особено за три хороскопски знаци за кои допрва следуваат големи промени
ВАГА
Оваа полна месечина е во вашиот знак, па промените ќе ги доживеете многу поинтензивно од останатите. Сега е време да се ставите себе си на прво место. Во ова време на изолација внимавајте што вашето срце посакува.
Премногу се грижите за другите, а тоа во последно време сериозно ви се одразува на здравјето. Кога ќе почувствувате среќа, ќе можете уште подобро да се поставите заштитнички и кон останатите.
ЈАРЕЦ
Очекувате вистинско просветлување. Не губете време и планирајте ги следните чекори. Обидете се да ја приспособите работата со вашите емоции затоа што само така ќе се чувствувате корисно и исполнето.
РАК
Чувствувате дека ја губите стабилноста, па обидете се да ја прилагодите рамнотежата, со себе, но и со другите. Создадете ваш личен простор и пронајдете го својот зен. Само така ќе доживеете олеснување.