fbpx

Најново истражување: Дали топлото време ќе го уништи коронавирусот?

Американските научници упатија писмо до Белата куќа како одговор на изјавите на претседателот Доналд Трамп кој веќе со недели тврди дека „кога ќе стане потопло, вирусот магично ќе исчезне“.

Членовите на Националната академија на науките велат дека податоците околу влијанието на топлото и на ладното време на коронавирусот не се конкретни. Нагласуваат дека дури и топлото време да влијае на КОВИД-19, тоа нема да биде во толкава мера ако се земе в предвид фактот дека досега многу малку луѓе во светот станаа имуни на вирусот.

– Постојат некои докази кои укажуваат на тоа дека коронавирусот може побавно да се пренесува на висока температура и на влага. Но, со оглед на глобалниот недостаток на имунитет, ова не може да резултира со значајно смалување на ширењето на болеста ако не се придржуваме кон мерките на претпазливост – се наведува во писмото.

Во ова обраќање како податок се наведува и едно истражување на епидемијата во Кина кое покажало дека вирусот експоненцијално се шири дури и во услови на максимални температури. Секоја заразена личност во просек го пренела на други двајца.

Следни Објави

Голема промена: 3 знаци на кои полната месечина им носи среќа

Сезоната на Овенот е одамна започната и сега ја доживуваме неговата огнена страст. По појавувањето на супермесечината на 8 април 2020 година, работите се интензивираа, особено за три хороскопски знаци за кои допрва следуваат големи промени ВАГА Оваа полна месечина е во вашиот знак, па промените ќе ги доживеете многу […]