Болниците се полни, a сериозно заболени постојано пристигнуваат. Единствениот звук кој се слуша се брзите движења на медицинскиот персонал и машините кои ги одржуваат пациентите во живот. Очајно болни и немоќни, тоа е реалноста со која Шпанија се соочува.
Вака почнува репортажата на „Скај њуз“ за лекарите кои 24 часа се борат против невидлив непријател. Телевизијата доби ексклузивно право за влез во една од болниците во Барселона каде што на седум ката се сместени пациентите.