fbpx

Шефот на Телеком: Платата ми е 5.180 евра, се срамам

Бедри Истрефи, извршниот директор на јавното телекомуникациско претпријатие Телеком на Косово, се чувствува засрамен поради неговата месечна плата од 5.180 и побарал таа да му се намали, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за ТВ Дукаѓини, Истрефи вели дека барањето за намалување на платата го поднел еден месец по преземањето на задачата во јануари минатата година, но дека тој самиот не може да го стори тоа.

– И на претходниот управен одбор поднесов писмено барање за намалување на платите, еден месец откако ја презедов функцијата. Се чувствувам засрамен во каква ситуација раководам, а имам една таква плата. Немам право себеси да си ја намалам платата. Оваа плата која ја имам денес јас ја затекнав во Телеком – изјави Истрефи.

Следни Објави

(ВИДЕО) Ова е појако од било кој скеч: Еве за што сѐ ги плаќаме политичарите

Неверојатно! Ова е појако од било кој скеч, напиша легендарниот Миле Паника под видеото кое стана хит на социјалните мрежи. Во соседна Србија, најголемиот проблем на локалната самоуправа во градот Куршумлија, е замислете ГОВОРНИЦАТА од која советниците во Општината се обраќаат. На едни им е превисока, на други прениска. Дали на […]