Овен
Ќе се повлечете во себе. Некои од вашите блиски сериозно ќе се загрижат, па ќе треба дополнително да се објаснувате. Избегнувајте напорни работни задачи оваа недела.
Бик
Сите обврски ќе паднат врз ваш грб, бидејќи сте дозволиле околината да ве смета за личност која не знае да каже „не“. Обидете се од време на време да кажете некоја лага или изговор доколку сакате повеќе време за себе.
Близнаци
Оваа недела брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални.
Рак
Ова ќе биде динамична недела за вас. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност на која ќе наидете на социјалните мрежи.
Лав
Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Бидете внимателни што ветувате и како се однесувате.
Девица
Оваа недела ќе се чувствувате помалку ранливо и заштита ќе побарате во друштвото на саканата личност. Личност со која едноставно можете да седите во потполна тишина.
Вага
Оваа недела ве очекуваат неколку интересни моменти. Ќе бидете неверојатно позитивни и сите ќе сакаат да другаруваат со вас.
Шкорпија
Ќе имате и повеќе од доволно енергија да ги направите првите чекори кога е во прашање една нова авантура. Колегите од работа конечно ќе ви честитаат за вложениот труд.
Стрелец
Уживајте во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни, а ќе имате и решение за некои проблеми. Кога се во прашање парите не сте склони кон компромиси.
Јарец
Вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе придонесе за заедничкиот џепарлак. Убави вести ќе слушнете и од вашите пријатели.
Водолија
Многу лесно ви успева да ја одржите својата рамнотежа, како на работното место така и во љубовта.
Риби
Ако сте во брак или долга врска, постои опасност да почувствувате монотонија во заедничкиот живот, па излез можете да побарате во работата.