Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, смета дека контактите на старите лица во Европа со другите треба да останат ограничени барем до крајот на годината заради епидемијата на коронавирусот.
Таа за германски „Билд“ појасни дека без вакцина, треба да ограничиме што е можно повеќе контакти со постарите лица, особено со оние кои живеат во домови за нега на стари лица.
– Знам дека е тешко и дека тежи изолацијата, но тоа е прашање на живот и смрт. Мора да останеме дисциплинирани и трпеливи. Децата и младите ќе уживаат поголема слобода во движењето отколку постарите и оние со хронични заболувања – вели шефицата на Европската комисија која се надева дека ќе се развие вакцина од европска лабораторија до крајот на годината.