Импровизирана болница за интензивна нега на пациенти заразени со вирусот Ковид-19 е изградена во Италија за околу 30 часа, јавуваат тамошните медиуми. Новата импровизирана болница во предградие на Неапол, во населбата Понтичили, е составена од монтажни целини, а видео на кое се гледа изградбата беше споделено на „Твитер“.
Медиумите објавија за новата теренска болница за која се вели дека „Неапол е побрз од Вухан“, каде за десет дена беше изградена болницата за пациенти заразени со новиот коронавирус.
Во италијанскиот регион Кампанија, каде што се наоѓа Неапол, повеќе од 3.670 луѓе се заразени со вирусот Ковид-19, а во провинцијата Неапол, пошироко подрачје на истоимениот град, има околу 1.930 позитивни случаи.