fbpx

Маратонски карантин за Велигден: 4 дена под клуч

Тоа што се навестуваше, сега и официјално е потврдено. За најголемиот христијански празник нема излегување од дома. Министерот за здравство, Венко Филипче, предмалку на својот официјален профил на „Фејсбук“ ја сподели владината одлука која ви ја пренесуваме во целост.

На денешната владина седница донесовме одлука за ограничувањата на движењето за период којшто ни претстои, вклучително и велигденските празници.

За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот, се забранува движењето за сите граѓани.

На денешната прес-конференција, Филипче одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се планира олабавување на сегашните мерки, бидејќи се создаваат гужви во маркетите и банките, рече дека не се размислува за намалаување на рестиктивните мерки во скоро време.

– Целта на рестрикцијата на движењето е дополнително да се елиминира можноста за вакви гужви што се јавуваат во другите денови, коишто сметам дека, исто така, има начин да се организираат и пред маркетите и пред банките, со обезбедување  таа доволна дистанца на стоење и на организација на работата во некој затворен простор. Ние во овој момент за намалување на рестриктивните мерки не размислуваме, односно не размислуваме да бидат сега скоро. Размислуваме како би бил организиран животот после укинување на овие рестриктивни мерки заради тоа што сигурно дека нема да може да се врати целосно во нормала – објасни тој.

Следни Објави

(ФОТО) Провоцира и во карантин: Мелита спремна за плажа

Поранешната ТВ-водителка Мелита Ракичевиќ одлично се забавува и кога е во карантин. На бројните обожаватели кои ја следат на „Инстаграм“ прво им овозможи да ѕирнат во нејзиниот дом, а викендов максимално го искористи убавото време на огромната тераса со прекрасен поглед и најубаво зајдисонце.