fbpx

Нема седење на клупи: Нови мерки за заштита

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информира дека воведуваат нови мерки за зголемена безбедност на граѓаните и спречување од дополнително ширење на вирусот КОВИД-19.

– Денеска спроведовме акции за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема на територијата на Општина Центар. Клупите за седење ќе бидат покриени и заштитени, како би се овозможило спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните. Со овие дополнителни мерки кои ги преземаме ќе го спречиме групирањето на повеќе лица на едно место и ќе влијаеме на зголемена безбедност од дополнително ширење на вирусот. Продолжуваме интензивно и наредните денови. Оваа мерка ќе биде активна додека траат мерките и препораките од Владата на РСМ. Од нас зависи! Да бидеме одговорни! – напиша Богдановиќ на „Фејсбук“.

Фото: Општина Центар

Следни Објави

Поранешниот премиер бара 10 дена целосна изолација

Поранешниот македонски премиер, Љубчо Георгиевски, бара целосно затварање на Македонија. – Бараме целосно затворање на цела Македонија на десет дена. Тоа е нужно за да се направи пресекување на вирусната криза. Тоа ќе биде вовед во понатаму, ослободување од мерките – изјави тој во отвореното студио на ТВ24.  – Ова […]