Поранешниот македонски премиер, Љубчо Георгиевски, бара целосно затварање на Македонија.
– Бараме целосно затворање на цела Македонија на десет дена. Тоа е нужно за да се направи пресекување на вирусната криза. Тоа ќе биде вовед во понатаму, ослободување од мерките – изјави тој во отвореното студио на ТВ24.
– Ова што сега се прави со затворање од 16 часот е контрапродуктивно, се создава огромен метеж пред банки, во маркети во утринските часови пред полицискиот час и создаваме непотребно ширење на вирусот, наместо да го блокираме комплетно. Оваа работа нема да заврши за два месеци, тоа станува се појасно и затоа мораме да одиме на една ваква мерка сега, а потоа да ослободуваме. Мала земја сме, може да биде тоа предност за нас, но потребни се други мерки. Треба да биде наша цел – држава ослободена од коронавирусот – вели Георгиевски.
Фото: ТВ24