Го ризикуваат својот, за да ги спасат нашите животи. Тие се најизложени на заразата и работат под невиден притисок, но чесно и професионално.
На моменти забораваме на секојдневната борба на здравствените работници против Ковид-19. Затоа, наместо да се препукуваме за неважни работи на социјалните медиуми, да им искажеме уште еднаш најголема благодарност на оние коишто неуморно се борат за секој живот.
Во продолжение погледнете како се работи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.