Првата дама на Америка секогаш изгледа елегантно и префинето, па дури и кога е во изолација. Поради пандемијата од коронавирус, Меланија Трамп мораше да ја откаже традиционалната игра Egg Roll која ги собира семејствта на ливадата пред Белата куќа. Настанот го замени со видеопорака во која на најмладите им ја чита велигденската приказна The Little Rabbit.
Сопругата на Доналд Трамп за оваа прилика одбра да блесне во зелена боја од глава до петици и на овој начин повторно го покажа својот исклучителен вкус за мода.
Зелениот миди-фустан со џебови и јака го надополни со широк ремен, а на нозете облече модел на чевли кој најчесто и го фаворизира – салонки со високи потпетици.
„Се надевам дека убаво го прославивте овој посебен празник. Внимавајте на себе и на другите“, на крајот порача Меланија.