fbpx

(ФОТО) Сите се воодушевени од празничниот фустан на Меланија

Првата дама на Америка секогаш изгледа елегантно и префинето, па дури и кога е во изолација. Поради пандемијата од коронавирус, Меланија Трамп мораше да ја откаже традиционалната игра Egg Roll која ги собира семејствта на ливадата пред Белата куќа. Настанот го замени со видеопорака во која на најмладите им ја чита велигденската приказна The Little Rabbit.

Сопругата на Доналд Трамп за оваа прилика одбра да блесне во зелена боја од глава до петици и на овој начин повторно го покажа својот исклучителен вкус за мода.

Зелениот миди-фустан со џебови и јака го надополни со широк ремен, а на нозете облече модел на чевли кој најчесто и го фаворизира – салонки со високи потпетици.

„Се надевам дека убаво го прославивте овој посебен празник. Внимавајте на себе и на другите“, на крајот порача Меланија.

Следни Објави

Живот во карантин: Внимавајте со овие знаци!

Седењето во карантин сериозно ни го наруши вообичаениот начин на живот. Некои се подготвени за компромиси, но со три хороскопски знаци треба да бидете особено внимателни. Животот во изолација со нив може да биде вистинска ноќна мора. ШКОРПИЈА Дури и во отежнати услови си тераат по свое и ретко се […]