fbpx

Бесплатна прошетка низ МАРС

НАСА сега нуди можност виртуелно „да отидете“ на „Црвената Планета“, што е на околу 80 милиони километри од Земјата. Извршниот директор на Спејс-Икс, Илон Маск, кој има намера да го колонизира Марс, изјави дека билетот за до нашата соседна планета може да чини и под 500.000 долари, т.е. оваа бројка да падне и до 100.000 долари со тек на времето.

Сепак, НАСА има попривлечна понуда за оние што не сакаат да чекаат. Станува збор за симулатор за поглед на површината на Марс од сондата Кјуриосити.

Американската Национална воздухопловно-вселенска агенција тоа го нуди тоа преку интернет. А квалитетот зависи од компјутерот или таблетот.

За што станува збор, кликнете ТУКА!

Со тој симулатор може да се движите по Марс и да ги видите досега откриените делови од таа планета. Овие виртуелни прошетки се бесплатни

Следни Објави

Лоши вести од СЗО: Еве кога најрано да очекуваме вакцина

Вакцина против Ковид-19 ќе биде произведена за најмалку 12 месеци. Навистина не можеме да очекуваме да добиеме вакцина порано, а може ќе чекаме и подолго, изјави денеска портпаролката на Светска здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис. Таа додаде дека развивањето на вакцина бара „концептуален доказ“ за ефикасност, како и докази за […]