Вакцина против Ковид-19 ќе биде произведена за најмалку 12 месеци. Навистина не можеме да очекуваме да добиеме вакцина порано, а може ќе чекаме и подолго, изјави денеска портпаролката на Светска здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис.
Таа додаде дека развивањето на вакцина бара „концептуален доказ“ за ефикасност, како и докази за безопасност на пациентите.
„Треба да бидеме сигурни дека вакцината нема негативни и несакани ефекти. Покрај тоа, во исто време треба да се испита и имуниот профил и да поминат неколку етапи за проучување на безопасноста на вакцината“, потенцира Харис.
Таа смета и дека сѐ уште не сме го достигнале врвот на пандемијата.