fbpx

Умре кога им беше најубаво: По Наташа ниту една не успеа да го освои!

Ниту денес, и по толку години од трагичната несреќа кога светот се прости од актерката Наташа Ричардсон, нејзиниот сопруг, славниот актер Лиам Нисон, не успеа да се опорави од фактот дека повеќе ја нема.

– Никогаш не се помирив со нејзината смрт. Сѐ уште во некои моменти кога ќе слушнам дека вратата се отвора, уверен сум дека ќе влезе таа за да ми каже нешто – изјави пред три години Нисон во емисијата „60 минути“ присетувајќи се на смртта на својата најсакана.

Љубовната приказна на Лиам Нисон и Наташа Ричардсон била баш таква, силна, како сценаријата во најромантичните филмови. Се запознале 1993 година кога и двајцата глумеле на Бродвеј. Хемијата помеѓу нив била видлива и на самата сцена.

Во тоа време Ричарсон  сѐ уште била во брак со Роберт Фокс, но на шармот на Нисон кој го поврзуваа и со актерките Хелен Мирен, Џулија Робертс и Брук Шилдс, не можела да одолее. Набргу по завршувањето на претставата Нисон заминал во Полска кадешто се снимал легендарниот филм „Шиндлеровата Листа“.

Ноќта пред нејзиниот 30-ти роденден ѝ испратил порака: Ми се приближуваш. Ти праќам многу љубов, Оскар. Инаку, Оскар била неговата улога во Шиндлеровата листа, а со пораката „ми се приближуваш“ алудирал на годините, бидејќи беше 11 години постар од неа.

– Се разбира, не беше импресионирана од пораката, па ме праша каков е статусот на нашата врска. Ме освои со нејзината директност, од тој момент знаев дека ја сакам – откри Нисон во едно интервју.

Се венчаа во јули 1994 година, а песната која го одбележала овој интимен чин била Crazy Love на Ван Морисон која всушност Наташа му ја отпеала.

Во хармоничен брак беа полни 17 години, а плод на нивната љубов се синовите Мајкл и Даниел.

Кобната несреќа се случи во 2009 година кога семејството замина на одмор во Квебек, Канада. Наташа ангажирала инструктор со кој почнала да ги учи основните скијачки вештини. Во еден момент на стазата за почетници изгубил контрола и паднала директно на главата. Ударот на левата страна без кацига се покажа како фатална повреда. Била итно префрлена во болница, но паднала во кома, а лекарите му рекле на Нисон дека треба да се случи чудо да преживее.

Свесен дека го напушта овој свет, седнал до болничкиот кревет, ѝ ја зел раката и почнал нежно да ѝ зборува:

„Љубов моја, за жал никогаш повеќе нема да се разбудиш. Не знам дали можеш да ме слушнеш, но имам потреба ова да ти го кажам. Се враќаш во Њујорк каде ќе дојдат сите твои пријатели и семејството“

Подоцна нејзиното срце, бубрезите и црниот дроб биле донирани.

Во годините што следуваа, Нисон имаше неколку тешки моменти. Утеха најде во алкохолот, но за среќа таа авантура кратко траеше. Во тој период почнал да добива сѐ повеќе улоги и сфатил дека тоа не му е потребно.

По смртта на Ричардсон, ниту една друга жена не успеа да го освои неговото срце.

Следни Објави

За овие работи не се грижам повеќе: Исповед на 50-годишна жена!

Една жена на својот јубилеен 50-ти роденден одлучи да расчисти со многу работи. Сега конечно ги разбрала вистинските вредности и се надева дека здравјето ќе ја служи што е можно подолго за да го живее животот кој отсекогаш го посакувала. Нејзината исповед ви ја пренесуваме во целост! Нема повеќе да […]