fbpx

Преживеала три епидемии: Италијанка наполни 109 години

Италијанката Лисета Форнари преживеала две светски војни и три епидемии, а денеска наполни 109 години.

Лисета е родена на 15 април 1911 година. Како шестгодишно дете заболела од шпанска треска, но се излекувала, а сега е во изолација за да се заштити од новиот вирус, јавува италијанскиот весник „Република“.

Таа вели дека во текот на Втората светска војна „барем имало меѓучовечки односи, а не како сега“ кога е изолирана и не е во можност да ја користи технологијата за да комуницира.

Лисета се надева дека 110.роденден ќе го прослави со забава. Нејзината тајна за долговечност се лесни оброци со чаша вино, без цигари и стрес, но и со став дека секој ден е како подарок.

Во Италија досега починаа повеќе од 21.000 луѓе од КОВИД-19.

Следни Објави

(ВИДЕО) Монструозен чин, семејствата на починатите во шок

Дури 62 надгробни плочи биле искршени во вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во скопско Камник. Мештаните тврдат дека изживувањето се случувало за време на полицискиот час. Вандалскиот чин веднаш беше осуден од повеќе институции, партии, поединци и здруженија, а Акционерското друштво за погребни и придружни дејности „Бутел“ вети […]