Кога пушите канабис, тоа на вашите дишни патишта предизвикува одреден степен на воспаление, многу слично на бронхитис, како што може да предизвика и пушењето цигари, вели директорот на Американското здружение на пулмолози, д-р Алберт Рицо.
Здравствените експерти открија дека пушењето марихуана, дури и повремено, може да го зголеми ризикот од тешки компликации со Ковид-19.
Портпарол на истото здружение, професорот Мајкл Глас, нагласува дека сувата кашлица е клучен знак на Ковид-19.
– Секое кашлање предизвикано од пушењето марихуана лесно може да се помеша со таквиот симптом, со што се отежнува дијагнозата – вели тој.
Пушачите, како и лицата со умерена до тешка астма, спаѓаат во ризична група кои можат да имаат потежок облик на Ковид-19 и може многу полесно да завршат на респиратор.