Во луксузен хотел во Мапуто, главниот град на Мозамбик, после две децении бегство уапсен е еден од најбараните криминалци во Бразил, 49-годишниот Жилберто Апаресидо дос Сантос.
Славниот „Фумињо“ е упасен заедно со уште двајца соучесници од Нигерија, а е обвинет за организирање трговија со дрога за еден од најмоќните бразилски картели.
Апсењето го спровеле Интерпол, американски служби против трговија со дрога и бразилската федерална полиција.
„Фумињо“, кој наводно е водач на наркобандата First Capital Command со седиште во Сао Паоло, е обвинет за испорака тони кокаин низ целиот свет.