Апелите од институциите и критиките од поголемиот дел на јавноста не ги предомислија свештениците да ја испочитуваат традицијата – причесна со иста лажичка за секого.
Дали верниците навистина одржуваа социјална дистанца?
Дали сите икони навистина беа дезинфицирани?
Дали тие што останаа дома се помалку верници?
Еден верник за една телевизија изјави: „Секој којшто има познавање од верата знае како да се грижи за својот живот и за животот на другите. Која би била верата наша ако се плашиме?
Во сабота на „Телма“ ексклузивна ТВ-премиера ќе има „Медена земја“. За оние што не го гледале, да го гледаат. За оние што го гледале, пак да го гледаат. Очигледно малкумина ја сфатиле пораката.
Затоа што, како што напиша и кинематографот на филмот кој патем две недели седеше во државен карантин, не постои свештено лице кое може да ви пренесе поблагородна порака од пораката на АТИЏЕ – Ако еден го прекрши правилото, сите ќе страдаме!
Фотографија: МИА