Пејачката на македонскиот поп-рок бенд „Ај Кју“ пријатно ги изненади своите обожаватели со последната фотографија која ја сподели на социјалните мрежи.
Марија Ивановска и „Ај Кју“ во 2018 година ја претставуваа Македонија на „Евросонг“ во Лисабон. На нашата земја не ѝ донесоа пласман во финалето, а следната година таа ја освои „славната“ награда „Барбара Декс“ за најлошо облечен евровизиски претставник. Креацијата, дело на дизајнерите Милена Танаскоска и Алек Бимбилоски, подоцна на „E-bay“ се продаваше за 5.000 долари.