fbpx

Ќе запалиме свеќа другпат, Господ знае што се случува

Секоја година ми е Велигден.
Да не речам секој ден.
Некогаш сум постела, некогаш не.
Некогаш сум се причестувала, некогаш не.
Во последно не постам ни на петоци. Само пред големи празници.
Не одам секогаш в црква.
Најчесто одам кога нема никој.

Црквата е религиски објект. Верата е поврзана со религијата, но не и со објектот. Камо секогаш тој објект да биде само за убаво, но не е. И не сите тој објект го гледаат исто. Некои го гледаат како кој попрво да стигне до причесната. До испеаното лепче. До бадниковото гранче. До оставањето јајце. До палењето свеќа. До бакнувањето икона. Сум гледала гужви во кои имало туркање, расправање. Била своевидна трка кој побрзо да стигне до целта. И да излезе надвор. Да поита дома.
Ама дома пак ќе биде истиот.

Сум одела в црква сама, во ниедно време, на непразнуван ден и секогаш сум ги поздравувала внатре да е напомош денот. Сум седнувала секогаш на истото столче и сум се молела секогаш пред истата икона. Никој не ме видел, никој не посведочил, а јас можев во таа тишина на тој објект да си ги смирам мислите и да се помолам за саканите. Да видам до кај сум со мирот в душа.

Јас сум православна христијанка и сум растена со Богородица. Таа е мојата светица и причина за моето именување. Црквата ми е потребна, но мирот повеќе. Велигден не го личи со празни цркви, но и најмалку со гужви на луѓе кои се лоши меѓусебно. Дали истиот мир од поранешните причесни го носиш во себе? Или веќе следниот понеделник си му лут на целиот свет?

Треба да сфатиме дека воскресението е во нас.
Господ Бог насекаде ни праќа знаци.
Не знаете зошто е ова добро.
Можеби црквата сака да одмори и таа во тишина и да се измие од сите трки во неа.
Послушај ја околината, насекаде е Господ.
Велигден е мир, зошто во моментов ти е потребно да одиш во тој објект?
Дали без него не можеш да се смириш?
Тогаш, зошто одеше цел живот таму на Велигден?
Не си ја сфатил тогаш поентата на верата.
Ќе дојдат уште многу Велигдени.
Без грижа.
Ќе дојдат уште многу празници.
Свадби, крштевки.
Исус ќе нè пречека во помирни цркви.

Обојте јајце.
Посакајте си мир во семејството.
Ќе запалиме свеќа другпат.
Господ знае што се случува.
Пак ќе биде Велигден.
Дури и дома.

Фејсбук-статус на Писателката од Лозана

Следни Објави

Овие лекции на Френклин ви гарантираат успех!

Правилата за успех на Бенџамин Френклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател, и ден денес се важна животна лекција, па ви ги претставуваме во продолжение. Апстиненција: Не јади до прејадување; не пиј до вртоглавица. Тишина: Зборувај само тогаш, кога со тоа ќе можеш да се збогатиш себе или пак […]