Гувернерот на Најроби, Мајк Мбуви Сонко, на сиромашното население во Кенија дели коњак, тврдејќи дека овој жесток пијалок штити од коронавирус.
Тој на социјалните мрежи сподели фотографија од шишиња коњак кои се нашле во пакетите со основни намирници. Повикувајќи се на наводни резултати од истражување на Светската здравствена организација и други здравствени институции, Сонко во видеоснимка вели дека алкохолот „игра многу важна улога“ во справувањето со коронавирусот или со кој било друг вирус.
Погледнете во продолжение!