Некогашниот фронтмен на скопскиот бенд „Д Џон“, музичарот Љупа Ангелов, беше првиот уметник што одржа концерт на отворено во рамките на проектот „Култура во време на корона“.
Лепи Џони, како што му е уметничкото име, настапи на покривот на Домот на градежни работници, а за овој ангажман ќе добие хонорар од 14.500 денари.
Идејата за акцијата и концертите на отворено во време на корона-криза, како што најавија од Град Скопје, е со цел да се поддржат уметниците што ги загубиле своите редовни приходи во овој период. Сите музички артисти може да се пријават за користење на оваа мерка, а повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација. Од Град Скопје информираа дека досега пристигнале сто апликации.
По одржаниот прв перформанс, граѓаните се поделија околу изборот на артистот. Дел од концертот на Лепи Џони погледнете во продолжение: