Американскиот филмски, телевизиски и театарски актер, продуцентот и режисер Брајан Денехи почина на 82 години. Неговата смрт не е поврзана со коронавирусот.
– Поголем од животот, горд и посветен татко. Ќе ѝ недостига на сопругата Џенифер, на семејството и на бројните пријатели – напиша Елизабет Денехи, ќерката на славниот холивудски актер на „Твитер“.
Брајан е роден на 9 јули 1938 година во Конектикат. Пред да навлезе во актерскиот свет, бил маринец. Добитник е на „Златен глобус“, на две награди „Тони“ и дури шест пати беше номиниран за признанието „Еми“.
Фановите го паметат по многу улоги, а една од омилените им е онаа на шерифот Вил Тизл од легендарниот филм First Blood, првото продолжение од серијалот за Рамбо.