fbpx

Дали во Шведска навистина мирно се живее?

Мит е дека животот во Шведска тече нормално, вели тамошната министерка за надворешни работи Ан Линде. Нејзината земја привлече внимание откако не воведе ограничувања во движењето и за разлика од соседните земји не ги затвори рестораните и баровите. Сепак, клиентите треба да седат на безбедно растојание за да бидат услужени.

– Многумина седат дома и не патуваат, многу фирми се затвораат, а се очекува и значително зголемување на невработеноста – информира таа.

Во Шведска не се воведени целосни мерки за ограничување, но дел од шведското општество не функционира. Министерката за здравство и социјални прашања Лена Халенгрен истакна дека основната разлика меѓу Шведска и други земји е што Стокхолм не ги затвори училиштата до 9-ти клас и детските градини и луѓето не беа принудени да седат дома.

– Големиот број заразени во домовите за стари лица е едно од нашите основни проблеми – вели таа.

Според агенцијата за јавно здравје, околу една третина од смртните случаи од Ковид-19 во Шведска се во домови за стари лица.

Во земјата досега се регистрирани вкупно 13.216 заразени и 1.400 смртни случаи. Во наредните недели Шведска ќе почне масовно да тестира за за коронавирусот.  

Следни Објави

(ФОТО) Со маски делеа храна: Меган и Хари никој не ги препозна!

Меган Маркл и принцот Хари се снимени со видео надзор како делат храна во Калифорнија. Двојката е лежерно облечена, во фармерки и маици, со маски и ракавици кои во Лос Анџелес се задолжителни кога ќе го напуштите домот. Меган и Хари биле во придружба на телохранители кои ги чекале во […]