Меган Маркл и принцот Хари се снимени со видео надзор како делат храна во Калифорнија. Двојката е лежерно облечена, во фармерки и маици, со маски и ракавици кои во Лос Анџелес се задолжителни кога ќе го напуштите домот.
Меган и Хари биле во придружба на телохранители кои ги чекале во автомобилот, внимавајќи во текот на оваа нивна хумана мисија нешто да не им се случи. Хари преку лицето носел сина марама, а Меган хируршка маска. И двајцата имале заштитна ракавица на десната рака.
Тие два дена волонтирале во погодената област, делејќи им храна на жителите кои се во изолација. Никој од нив не бил информиран дека на врата ќе им заѕвонат такви ВИП-личности, па речиси никој не ги ни препознал, пренесуваат американските медиуми.
На крајот од март, војводата и војвотката од Сасекс се преселија од Канада во Лос Анџелес. Во таа прилика, американскиот претседател Доналд Трамп ги дочека со зборовите дека нема да го финансира нивното обезбедување.