Правилата за успех на Бенџамин Френклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател, и ден денес се важна животна лекција, па ви ги претставуваме во продолжение.
Апстиненција: Не јади до прејадување; не пиј до вртоглавица.
Тишина: Зборувај само тогаш, кога со тоа ќе можеш да се збогатиш себе или пак другите. Избегнувај бесмислени разговори.
Прегледност: Држете ги сите ваши работи на нивното место.
Решителност: Заврши го она што треба. Заврши го така, како што си решил.
Штедливост: Не троши пари на непотребни работи.
Работливост: Не го губете своето време, секогаш правете нешто корисно. Избегнувајте бесмислени активности.
Искреност: Немојте да користите лаги што можат да му наштетат на некого.
Правда: Секогаш мора да се обидувате да бидете праведни.
Умереност: Секогаш мора да ја знаете својата мерка.
Чистота: Не си дозволувајте да бидете валкани, ниту вие самите, ниту вашата облека, ниту станот во кој што престојувате.
Спокојство: Не грижете за ситници или од банални и неизбежни инциденти.
Смиреност: Земајте пример од Исус и Сократ.