fbpx

Живеам во спалната, постојано сум со маска: Докторка удри по македонските граѓани

Работам 24ки сама. Ако треба продолжувам плус смена. Се менуваме 3 колешки. Полиција ме носи, полиција ме враќа. 100 луѓе на еден лекар, сите збеснати за дома, сите по доктор викаат оти нема по кој друг. Прегледувам и со полиција до мене оти знаат да се агресивни.

Доктор е крив ако топломер покажи над 37C. Целосна опрема при секој контакт, не знаеш дали некој е позитивен. Живеам 2 недели на работа-дома, 2 пати бев само до продавница да кренам се што можам, за да не се мешам дополнително во народ.

Најголем стрес ми е дома. Да имав избор немаше ни да се враќам, ќе живеев периодов на работа. Пред врата цел ритуал на слекување имам. Живеам во спалната оти е прва врата од влез. Тука јадам, спијам се. Мајка ми нема пристап. Со маска сум константно.

Јас се имам помирено дека тоа ми е работа и имам огромни шанси да го фатам чудово. Колку и да се пазам. Нема да си простам само ако пренесам дома. Мајка ми е со хронична белодробна на пумпици и преживеан карцином на дојка 3б стадиум. Во ист стан се немаме ни видено што се вика.

И нема зуцнато бе. Ич се нема пожалено. Од прв ден кога почнав, муабетот е “тоа е мајкино, ќе помини, мора да одите”. А не и е сеедно. Јас се тресам за неа, таа се треси за мене. И кај сите колеги ист е муабетот ” не ми е за мене, за моите дома се плашам, само дома да не однесам”

И не, не можам да сфатам колку ви е тешко дома. Не можам да сфатам дека не можите 3 дена да ги прележите по дома со интернет, со серии, со телефони и дека не е хуман полицискиот час. И дека ви расипале празници и шеткарање за Велигден.

Опиум on Twitter

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Почна најдолгиот полициски час, Кичеец пуштен на слобода

Почна маратонскиот 85-часовен полициски час за сите граѓани на територија на целата земја. Забраната и посебниот режим на движење за време на најголемиот христијански празник Велигден ќе трае до 21 април (вторник) до 05:00 часот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови. Од […]