Американската Агенција за храна и лекови им порача на граѓаните дека нема потреба да се мијат и бришат амбалажите од храната што ја купиле во продавниците.
– Коронавирусот не се пренесува на тој начин. Сакаме да ги увериме потрошувачите дека не постои евиденција за човековата и животинската храна или амбалажа што се поврзани со пренесувањето на коронавирусот, што го предизвикува Ковид-19 – стои на официјалниот сајт на Американската Агенција за храна и лекови.
Според тамошните надлежни служби, многу е поважно што помалку време да се поминува во продавниците, да се оди во истите подготвено со конкретен список за потребни намирници, луѓето да држат дистанца и почесто да ги мијат рацете.
Некои ова го протолкуваа како обид на американските власти барем на момент да го намалат стравот кај населението, особено ако се земе в предвид дека некои истражувања покажаа дека вирусот може да живее на одредени површини од неколку часа до неколку денови.
Вирологот Фабрицио Прелиаско, директор на Институтот Галеази во Милано, пред една недела објасни како коронавирусот може да се пренесе преку храна или амбалажа.