Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ (26) стана татко. Поранешниот ракометар на „Вардар“ и на „Металург“ доби ќерка.
-Вакви тестови вселената им дава само на најсилните. Алиса, добредојде на овој убав свет -напиша тој под фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“.
Циндриќ моментално игра за „Барселона“. Две години по ред, во 2017 и во 2018, беше прогласуван за најдобар хрватски ракометар.