Гостилницата „Боем“ во сопственост на Панче Ќумбев со семејството, вчера подели храна на 400 луѓе.
„Нека биде провокација за сите кои имаат ПОВЕЌЕ, да дадат на оние кои имаат ПОМАЛКУ! ВЕЧНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ“, напишаа од гостилницата под фотографиите на кои се гледа како граѓаните чекаат во ред за да си земат оброк.
Она што фрли дамка на целата хумана акција беа коментарите на социјалните мрежи. „Ама овие што се во ред не ми изгледаат дека немаат за јадење“ и „Ние не сме народ, госпоѓата не изгледа до толку да нема, да заграба осум или повеќе оброци“, се само дел од нив.
И сега, повторно се поставува прашањето: Дали храната за сиромашните завршува во вистинските раце?