Хорхе Мартинез има 12 години, живее во Мексико, и за разлика од многу свои врсници знае како паметно да го помине времето во изолација.
Тој го користи својот домашен 3Д принтер за изработка на визири за здравствените работници. За една таква маска му се потребни околу 45 минути за да ја состави, а досега направил стотина кои ги поклонил во болницата во неговиот роден град Оаксака.
Со оглед на тоа што болничкиот персонал во Мексико неодамна протестираше токму поради недостатокот на заштитна опрема, јасно е колку е хумано и важно ова што го прави Хорхе.