Францускиот нобеловец Лук Монтањие тврди дека Ковид-19 нема природно потекло и дека е создаден во лабораторија.
– Вирусот е дело на молекуларен биолог. Не е познато со која цел е тоа направено. Мојата работа е изнесување факти, јас никого не обвинувам и не знам кој тоа го направил и зошто. Можно е да сакале да произведат вакцина против вирусот на ХИВ. Дојдовме до заклучок дека е дојдено до манипулација со овој вирус – вели тој.
Монтањие е вирусолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 2008 година за изолирањето на вирусот на ХИВ.